Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го победи ТФТ на премиерата на новата кошаркарска сезона

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја отворија новата сезона во домашното првенство со сигурна победа над градскиот ривал ТФТ.

Премиерата на новата етапа од македонското кошаркарско првенство беше одбележана од шампионот кој го доби натпреварот со 60:74 и со победа тргна во одбрана на титулата.

МЗТ на полувреме водеше со 39:31, со одлична игра во третиот период ја најави победата, а на крајот ја заокружи со резултат 60:74 во салата во СРЦ Кале.

Кефи и Крстевски со по 13 поени беа најефикасни во редовите на победничката екипа, додека кај ТФТ, Андерсон, Ташовски и Стојановски го завршија натпреварот со по 12 поени.

Натпреварите од првото коло продолжуваа во сабота и недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни