Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ го победи Работнички во фантастична кошаркарска драма во Сараево (Видео)

Објавено

на

blank

Во првата голема пресметка која ја имаа надвор од Македонија, МЗТ Скопје и Работнички приредија вистинска драма во АБА 2 лигата, откако денешната програма од осмото коло ја отворија со неизвесен натпревар во кој победникот се решаваше во последните секунди.

На крајот, повеќе нерви и повеќе среќа имаа аеродромци кои ја добија битката во Сараево со минимални 84:82, откако резултатската вртелешка не однесе до исклучително неизвесен финиш во кој подобро се снајде МЗТ.

Работнички кој е последен на табелата подобро го отвори дербито и по првата четвртина имаше предност од 21:17, но избраниците на Кочов земаа замав во вториот период и со фантастична игра во одбрана и во напад го добија овој период со убедливи 24:13 за предност на полувремето. МЗТ одржуваше солидна позитивна и отиде на плус 13 во еден момент од третиот период, но потоа имаше помрачување во завршните три минути од овој дел и Работнички дојде до само минус два со серија од 11:0.

Тоа беше добра најава за луд финиш на големото македонско дерби во регионалното натпреварување, а како клучно се покажа промашувањето на Питс за победа на Работнички при водство на МЗТ од 81:80. Балмазовиќ направи неспортска лична и МЗТ со три поени дојде до предност од четири поени и ја осигура победата, а Работнички за крај постигна два поени за конечни 84:82.

Бојан Крстевски со 19 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, по 14 уфрлија Дамјан Стојановски и Андрија Бојиќ, а Питс кој на крајот беше трагичар, беше најдобар поентер на паркетот со 20 поени во редовите на Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни