Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го освои Куманово, расположениот Бундовиќ донесе нова победа за Работнички

Објавено

на

Екипите на МЗТ Скопје и Работнички забележаа победи на заостанатите мечеви од најсилната кошаркарска конкуренција во нашата земја.

„Штрковите“ го избришаа лошото издание против Гостивар со квалитетна игра против Куманово, средба која им припадна на аеродромци со 93-87. МЗТ имаше фантастична прва четвртина која ја реализираше со 34-21 и истата ја отвори вратата кон посакуваниот резултат иако домаќините максимално се бореа и најдобар доказ за тоа е што ги добија останатите три периоди.

Мекиќ беше извонреден со 24 поени, Тарнер додаде 17, додека пак Крстевски и резирвистот Олуџоби беа автори на 16 кошеви. Кај кумановици Робев ја предводеше листата на стрелци со 20 поени.

Работнички пак против ТФТ дојде до четвртиот триумф во низа (81-78). Ова беше дуел во кој двата тима имаа свои минути, ама на крајот центарци беа оние што за нијанса беа подобри и се израдуваа на победата во СРЦ „Кале“.

Бундовиќ беше најрасположен за игра со 27 поени, Торнтон и Питс имаа по 14, исто колку и центарот Младеновски кој зад своето име додаде уште 18 скокови.

Николов и Херис за ТФР искомбинираа 31 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни