МЗТ го надигра Левски во Софија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа втората победа во низа во подготовките за новата натпреварувачка кампања.

„Металците“ вечерва славеа над составот на Левски во Софија со 78-67. Прв стрелец бил Џенсен со 20, Гарсија уфрлил 14, а центарот Лалиќ кој неодамна потпиша нов договор бил стрелец на 11 поени.

Утре МЗТ ќе одигра уште еден меч против бугарски прволигаш и тоа од 18 часот против Лукоил Академик.

Facebook Коментари