МЗТ го дозна „возниот ред“ за патувањето во АБА2 лигата

mzt-split1

Екипата на МЗТ Скопје и во нареднава сезона ќе ја претставува нашата земја во АБА2 лигата, натпреварување преку кое ќе се обиде да дојде до елитната јадранска конкуренција.

„Металците“  за ривали во АБА2 лигата ќе ги има Борац Чачак, Динамик ВИП, Нови Пазар, Спарс Сараево, Широки, Ловќен, Сутјеска, Хелиос, Рогашка, Сплит, плус уште една екипа која ќе добие вајлд карта.

Токму со таа екипа која ќе добие специјална покана, македонскиот шампион ќе се соочи во првото коло на почетокот на месец октомври и тоа во СЦ „Јане Сандански“. Потоа следи гостински меч со Спарс, па домашна средба со Рогашка…

ОВДЕ можете да го погледнете комплетниот распоред.

Facebook Коментари