Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го доби големото финале со вечниот ривал и стигна до јубилејна Куп титула

Објавено

на

Работнички беше последниот тим кој ја освои титулата во Купот, но најтрофејниот македонски тим денеска беше детронизиран во масовното натпреварување, во кое титулата се врати во витрините на МЗТ Скопје Аеродром.

Како што можеше да се претпостави, во големото финале силите ги одмерија лутите ривали во „вечното кошаркарско дерби“, а МЗТ во овој момент демонстрираше дека има подобар тим и поширок ростер за ваков тип на натпревари во кои одлучуваат нијансите.

Аеродромци го диктираа темпото и го контролираа резултатот уште од самиот старт и во првиот дел постојано имаа позитива од седум до девет поени разлика, а иако Работнички се закани во третата четвртина и најави големо возбудувања во клучниот период, тоа на крајот не се случи.


МЗТ славеше со 77:69 и сосема заслужено стигна до својата јубилејна десетта титула во Купот, натпреварување во кое последен шампион беше токму Работнички кој денеска го положи оружјето во финалето.

Искусниот Стојановски со 19 поени беше најдобар поединец во финалето и беше лидер во титулата која ја освои МЗТ Скопје, тим во кој уште се истакна Крстевски со 16 и Гравет и Олуџоби со по 13 поени. Кај поразениот Работнички, Аска уфрли 20 поени, Питс 13 и Мулалиќ 11.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни