МЗТ со двајца новајлии ќе и се одмаздува на Блокотехна

nesovic-jordan

Денеска во Гевгелија се игра последниот меч од 15. рунда во домашниот шампионат и тоа дербито меѓу Блокотехна и бранителот на титулата МЗТ Скопје.

Блокотехна игра одлично во сите натпреварувања, додека пак МЗТ е очаен во АБА лигата, па со успеси во домашниот шампионат ќе се обиде да ги залечи раните. За овој дуел „металците“ ќе имаат на располагање двајца нови играчи Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ кои ќе се обидат да му дадат поинакво темпо на клубот од Аеродром кој пак остана без Доминик Мавра.

Хрватскиот репрезентативец доби раскин на договорот, откако неговиот нов клуб, литвански Лиеткабелис ја плати бараната оштета. Тренерот Лукајовиќ воедно ќе може да смета и на Дарко Соколов, но надвор од комбинација се уште е Марко Симоновски.

Дуелот започнува во 18:30 часот, а ќе го пренесува Македонската телевизија (МТВ).

Да потсетиме првата сезонска пресметка во Скопје ја доби Блокотехна со 85-77.

Facebook Коментари