МЗТ доби лекција и од Будуќност

Buducnost-MZT1

Македонскиот првак МЗТ Скопје доживеа уште еден убедлив пораз во АБА лигата, овојпат на гостувањето кај Будуќност кој го доби натпреварот со 104:62.

Слабата форма на МЗТ јасно навестуваше дека фаворитот Будуќност нема да има проблеми да стигне до бодовите, а на тимот од Подгорица му одеше и шутот за три поени, па со 19 уфрлени тројки го откажа нашиот претставник.

Будуќност го зголемуваше водството од период во период и на крајот стигна до конечни 104:62 и останува во борба за врвот во регионалната лига.

Николиќ со 21 поен беше најефикасен кај победникот, додека во редовите на МЗТ Лалиќ постигна 17, а Спасојевиќ 14 поени.

Facebook Коментари