Поврзете се со нас

Олимписки игри

МВП на финалето бараше одговори зошто не е дел од тимот на САД: Сега ова го правиме?

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Кавај Ленард нема да биде дел од селекцијата на САД на престојните ЛОИ во Париз, односно беше експресно одлучено неговото место да го заземе Дерик Вајт од Бостон Селтикс.

Ова по се изгледа не му се допадна на сиграчот на Вајт од Бостон, МВП на овогодишеното финале Џејлен Браун кој смета дека „Најки“ го бира состаува тимот на САД.

-Најки, сега ова го правиме?, -напиша Браун кој потоа објави нов пост со три емотикони.

Инаку Џејлен ја носи спортската опрема на Адидис и смета дека тука има одреден конфлит, поточно ја гледа причината зошто е скокнат иако имаше пеколна сезона која ја заврши со признанија за најдобар играч во финалето на Истокот и потоа битката за пехарот.

-Добивате 12 места и треба да изградите тим. Една од најтешките работи што треба да се направи е да се исфрлат луѓе од списокот, особено некој на кој сум обожавател и со нетрпение очекувам да го гледам во текот на сезоната и плеј-офот. Момците кои беа МВП на финалето, кои беа дел од програмата, кои освоија златни медали, тие што ги почитувам. Им се воодушевувам и уживам додека ги гледам.

-Одговорноста што ја имам за да го изградам тимот, морам да го изберам играчот кој ќе ни даде најголема шанса да успееме и кој ни одговара. Сè додека постојат теориите, тие се само тоа, но тука е мојата одговорност. Тешко е да се разговара со луѓе и да се каже дека не се во тимот. Се обидувам да ги составам вистинските парчиња кои се вклопуваат и ни даваат шанса да победиме, -порача пак Грент Хил кој е директор на репрезентацијата на САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни