Поврзете се со нас

Светски првенства

МВП играчот на Хрватите: Клучна беше стратегијата со која им направивме огромни проблеми на Французите

Објавено

на

Хрватска направи голем резултат вечерва против фаворизираната Франција и подготви „пекол“ за противникот во загрепска „Арена“, сала која вечерва буквално еруптираше по пласманот на „коцкестите“ во финалето на 29-от ракометен мундијал.

Избраниците на Дагур Сигурдсон одиграа неверојатно прво полувреме во кое достинаа предност и од „плус девет“, па иако беше очекувано Французите да се борат до самиот крај, сепак домаќинот успеа да одржува комотна позитива и славеше со 31:28.

Во една блескава партија во која блескаа повеќе хрватски ракометари, Звонимир Срна беше оној кој сепак најмногу се истакна во офанзивен план, па откако ја одигра својата животна партија, беше избран и за играч на мечот од ИХФ.

– Не сум свесен што направив. Бевме емотивни по Унгарија, а денеска игравме многу лесно и сега сигурни сме дека ќе спиеме со медал по финалето во недела. Клучен беше влезот во мечот со одбраната 5-1, мислам дека им создадовме огромни проблеми на Франција со таквата стратегија.

– Се ни одеше од рака, да бидам искрен, не сакав никогаш да заврши овој меч. Овој тим созреа целосно, добивме карактер и искуство. Со право не критикуваа во еден дел од првенството, но ние ги поднесовме тоа, молчевме и продолживме да работиме. Сигурдсон донесе нешто ново, да бидеме помирни во неои ситуации и да не не понесат емоциите.

– Ако го повториме овој пристап и во финалето, било која репрезентација ќе има проблеми со нас. Мораме вака да играме и против Данска ако на крајот играме со нив во финалето, – изјавил Срна во интервјуто за „РТЛ“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни