Поврзете се со нас

АТП

Музети го надигра Де Минор и закажа финална пресметка со Алкарас

Објавено

на

Foto:x.com/ROLEXMCMASTERS

Лоренцо Музети ја продолжува својата тениска бајка во Монте Карло, каде вчера успеа да надмине повреда за да го надигра Стефанос Циципас, за денеска да се врати од голема негатива и да избори прво финале во кариерата на Мастерс турнирите од серијата 1000.

Италијанскиот тенисер тргна многу лошо во второто полуфинале на програмата и го загуби првиот сет со 6:1, но успеа навреме да се прибере и да направи важен пресврт.

Музети возврати во вториот сет со 6:4 и беше во доминантна улога во третиот, меѓутоа кога дојде време да сервира за победа, Ди Минор направи брејк и израмни на 5:5.

Во такви услови, двајцата тенисери лесно стигнаа до тајбрејк, каде решаваат нервите и поголемата концентрација. На крајот, Музети беше поуспешен со 7:4 и запиша важна победа, која му овозможи директна пресметка со главниот фаворит за титулата.

Лоренцо во завршницата од Монте Карло ќе го предизвика Карлос Алкарас, Шпанецот кој денеска во два сета беше подобар од сонародникот Давидович Фокина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни