Поврзете се со нас

Свет

Муту откри кој е сонот на Роналдо: Поради тоа не се откажува…

Објавено

на

foto: x.com/brfootball

Кристијано Роналдо веќе некое време не е во главниот фокус на фудбалската, спортската јавност, но поради се што направи во кариерата се уште има интерес за него, потезите кои ги прави иако од минатата година настапува во Саудиска Арабија во редовите на Ал Наср.

Тој веќе ја живее 40. година од животот, ама засега не размислува за заминување во пензија иако не е на нивото кое беше и потврда за тоа е последниов турнир, Европското првенство на кое постигна ниту еден погодок иако настапи на сите средби за Португалија.

И додека се чека следниот негов потег, романската легенда Адријан Муту откри кој е главниот сон, цел на Кристијано, поточно зошто се уште не планира да ги закачи копачките на клин.

Според Муту ветеранот ќе продолжи да биде активен се додека не заигра заедно со неговиот син кој сега има 14 години.

-Тоа е неговата вистинска мотивација. Фактот дека сака да игра официјален натпревар со своето момче и затоа не се откажува. Па, во Ал Наср, тоа е можно. Да беше во друг тим, не знам, Реал Мадрид, ќе беше потешко. Ама да играат заедно за една година, мислам дека не е невозможно, -истакнал Муту.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни