Свет
Муту: Да не беше дрогата, можев да стигнам и до „Златна топка“

Адријан Муту беше еден од најголемите романски фудбалски таленти последните децении, но неговото однесување надвор од теренот не му дозволи да го искористи потенцијалот кој го поседуваше.
Муту си обезбеди трансфер во елитниот тим на Челси, со кој можеше да очекува и многу трофеи, но преселбата во Лондон му донела и интензивно дружење со кокаинот, кој на крајот му ја уништи и кариерата.
– Користењето кокаин во периодот кога дојдов во Челси беше најлошата работа која можев да ја направам во тие моменти.
– Бев сам во Англија што ме правеше тажен и депресивен, но тоа не е оправдување за моите постапки.
– Челси очекувано не толерираше таква работа, а јас платив скапо за бурниот период во мојот живот. Бев многу млад, но верувам дека бев меѓу најдобрите фудбалери во светот и можев лесно да стигнам до „Златната топка“ ако лошите одлуки не ме пренасочија на погрешен пат, – изјавил Муту.
Романецот влезе во конфликт и со тогаш новиот менаџер Жозе Мурињо, а подоцна имаше позитивен допинг тест и доби казна и отказ од Челси.
-
Италија23 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА22 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА9 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија7 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија13 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…