Поврзете се со нас

Македонија

Мустафов одново ќе го носи дресот на Ренова

Објавено

на

Тимот на Ренова претстави уште едно ново име за новата сезона-тоа е 27-годишниот Бурхан Мустафов.

Мустафов во изминативе две кампањи беше дел од Силекс, а и настапи за овој клуб во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Откако кратовци беа елиминирани од ова натпреварување, Бурхан си замина и потпиша за Ренова.

Ова за него е втор мандат во таборот на „гипсарите“ за кои играше во натпреварувачката 2018/2019 каде на 17 натпревари во првата лига даде 5 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни