Поврзете се со нас

Светски првенства

Мустафа: РФМ испорача доживување од светски калибар; Мукаетов: Заедно износивме уште еден голем проект

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Заврши 24.Светско јуниорско првенство во женска конкуренција, шампионат на кој домаќин беше Ракометната федерација на Македонија и Скопје.

Вкупно 116 натпревари беа одиграни во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“, се мина во најдобар можен ред и токму поради тоа срдечни честитки за успешната организација и за одличната спортска атмосфера беа упатени од страна на првиот човек на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа.

-Одлично поставените организациско-инфраструктурни капацитети, пријателскиот прием на ракометарките, тренерите и официјалните лица, како и верните ракометни навивачи, се пример за страстна ракометна нација, но и за способност да се испорача спортско доживување од светски калибар. Другарството и спортскиот дух, се најверодостоен доказ за инклузивниот дух на спортот што нé обединува сите нас“, истакна д-р Мустафа, потенцирајќи благодарност во свое лично и во име на IHF, до домаќините на уште едно успешно реализирано светско првенство, кое од 2022 година прерасна во референца за идните земји-организатори, -порача Мустафа.

Свој збор имаше и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој порача:

-Би сакал да се заблагодарам на сите кои беа вклучени во овој проект: вредните волонтери, бројните спортски работници, тимот во Федерацијата, партнерите од доверба, медиумите, нашите поддржувачи – сите кои веруваа дека можеме да се износиме со уште еден ваков голем проект. Се надевам дека оваа заемна доверба, соработка и силното спортско партнерство, ќе продолжат да се надградуваат и во иднина, -истакна Мукаетов.

Ова беше 10-ти јубилеен настан од висок ранг во организација на ова раководство на РФМ, со организирани 6 европски и 4 светски првенства, од кои 9 во младинска и 1 во сениорска конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни