Мустафа доби нов мандат на челната позиција во ИХФ

Hasan-Mustafa

Хасан Мустафа доби нов мандат на позицијата претседател на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), а акламативниот избор е направен на конгресот на ИХФ кој викендов се одржува во Анталија, Турција.

Поранешниот египетски ракометар ја извршува функцијата од 2000 година, а реизборот на актуелниот конгрес значи дека ќе започне и трета деценија на најодговорната позиција на светската ракометна сцена.

На истиот конгрес е решено Светското првенство за јуниорки (У-20) во 2020 година ќе го организира Романија, додека јуниорскиот светски шампионат во машка конкуренција (У-19) во 2021 година ќе се игра во Грција.

Facebook Коментари