Поврзете се со нас

Свет

Муслиу го напушти Падерборн и потпиша за клуб од Белгија

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу по неколку години си заминува од Германија и се сели во клуб од првата белгиска лига.

Дефанзивецот од 2022 година беше дел од два германски состави, прво го носеше дресот на Инголштад, а потоа и на Падерборн од каде пак преминува во редовите на Сент Труден.

Оваа информација ја потврдија од таборот на белгискиот прволигаш кој по 24 одиграни кола се наоѓа на 14. место на табелата. Висар со својата борбеност, искуство и квалитет ќе има задача да ја подобри одбраната која дефинитивно е многу слаба точка и потврда за тоа е што Сент Труден е втор на листата по бројот на примени голови во шампионатот.

Муслиу во досегашната кариера освен во Македонија и Германија има настапувано во Унгарија и Косово.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни