Поврзете се со нас

Германија

Муслиу го напушти Фехервар и се пресели во Германија (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу ја заврши приказната со Мол Фехервар и направи трансфер во Германија и тоа во екипата на Инголштад 04.

Двата екипа не открија детали за операцијата, но она што е сигурно е дека Муслиу веќе беше промовиран во новата средина.

-Многу сум среќен што потпишав за Инголштад. Посебно е да се игра во Германија, земјата во која се игра фудбал. Првите впечатоци од клубот и разговорите со одговорните беа многу позитивни.

-Веќе со нетрпение очекувам да се запознаам со тимот и сакам да дадам се за да можеме заедно да го совладаме сегашниот предизвик на најдобар можен начин, -порача Муслиу кого заедно со соиграчите го очекува тешка битка за опстанок со оглед на тоа што Инголшад е последен на табелатата со 10 освоени бодови.

Висар во досегашната кариера има настапувано уште за Ренова, Вардар, Гостивар, Сент Гален, Приштина и Шкендија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни