Муслин сепак ќе биде селектор на СП во Русија?

Slavoljub-Muslin

Славољуб Муслин ја одведе Србија на СП во Русија, но ја напушти селекторската функција поради спротивствавените ставови за одредени прашања со раководството на фудбалскиот сојуз.

Ова не се случува често, посебно кај репрезентации кои одреден период чекале да се вратат на мундијалите, но се чини дека Муслин сепак ќе биде учесник на претстојното Светско првенство.

Ова го тврдат австралиските медиуми кои пренесуваат дека Муслин е во завршни преговори со австралиската федерација за преземање на националниот тим кој исто така се раздели со селекторот по завршувањето на квалификациите. Муслин ќе отпатува за Сиднеј каде треба да го постигне конечниот договор, а единствен противкандидат наводно му бил Јирген Клинсман.

Австралија во квалификациите ја водеше Гркот Анге Постекоглу кој ја напушти функцијата поради лични и професионални причини.

Facebook Коментари