Поврзете се со нас

Лига Европа

Муслера застана во одбрана на Стракоша по катастрофалната грешка против Галатасарај (ВИДЕО)

Објавено

на

Галатасарај славеше над Лацио со 1-0 во дуелот од првата рунда од Лигата на Европа, дуел кој беше решен со катастрофалната грешка на голманот Томас Стракоша.

Стракоша имаше несмасна интервенција во вториот дел и си постигна бизарен автогол кој ретко се гледа на оваа сцена. Секако поради ваквата грешка Албанецот доби огромни критики на неговата сметка, но зад него застана првиот голман на Галатасарај, Фернандо Муслера.

-Ако погледнете внимателно, јас направив слична грешка пред неколку натпревари. Овие работи можат да се случат, голманите таму се сами и нашите грешки не се забораваат. Тоа е опасноста на нашата улога во оваа игра, -рече Фернандо и додаде:

-Тоа е дел од работата и мора да продолжиме без да дозволиме да ја спуштиме главата. Не можеме да се откажеме, -јасно и директно порача Муслера кој е поранешен член на Лацио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни