Поврзете се со нас

Свет

Муслера го нападна Мурињо: Слободно може да си оди од Турција

Објавено

на

Foto:x.com/Galatasaray

Галатасарај го победи Самсунспор со 3:2 и ја одржа предноста од пет бода во однос на Фенербахче, но по остварениот триумф, со изјава во јавноста се јави членот со најдолг став во првиот тим на „лавовите“.

Фернандо Муслера 14 години е дел од турскиот фудбал и ги доживеа најдобрите моменти како голман на Галатасарај, па како член кој ги брани боите на најуспешниот клуб во Турција, сега реши да му возврати на Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак пред една недела се пожали дека Фенербахче игра против цел систем во Турција кој му е наклонет на Галатасарај, а ваквата негова изјава предизвика бура од реакции во јавноста, особено поради фактот што Жозе и го омаловажи турскиот фудбал.

Трофејниот стручњак потенцираше дека воопшто немал да доаѓа во Турција ако ја знаел цела приказна за состојбата во Суперлигата, изјава која го натера Муслера сега да му препорача заминување на Жозе од оваа земја.

– Обично не зборувам против никого, но начинот на кој го навреди турскиот фудбал и начинот на кој ги нападна судиите се работи кои ме вознемируваат. Првпат во 14 години чувствувам обврска да дадам изјава на ваква тема.

– Освоив 17 титули со Галатасарај во овој период, а моја цел секогаш била да работиме на подобрување на турскиот фудбал. Ако човек како Мурињо кој дојде пред четири месеци е тука само за да критикува, тогаш слободно може да си оди. Никој не вели ништо за неговите изјави, но мислам дека треба да се каже доста, – изјави Муслера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни