Германија
Мусиала влезе во игра и со два гола ги реши проблемите на Баерн, победа забележа и Леверкузен
Џамал Мусиала доби поштеда од Венсан Компани за натпреварот против Хајденхајм и почна на клупата за резерви, но кога стана јасно дека Баерн Минхен почнува со проблеми во вториот дел, тренерот веднаш го стави во игра најдобриот играч на баварците.
Германскиот репрезентативец се претвори во главна ѕвезда на Баерн и тоа го покажува со секој свој настап оваа сезона, па така беше и денеска.
Баерн поведе со голот на Упамекано во првиот дел, но истиот играч направи огромна грешка на стартот на вториот и му дозволи на Хонсак да израмни на 1:1.
Веднаш по израмнувачкиот гол, Компани го стави Мусиала во игра, а овој со првите допири со опката му одговори со експресен гол за 2:1.
До крајот на натпреварот, Горецка со доста среќа погоди за 3:1, Хајденхајм одново се врати преку Дорш, но Мусиала со својот втор гол ги постави конечните 4:2 во судиското продолжение.
Во терминот од 15:30 часот, победа оствари и шампионот Баер Леверкузен, кој денеска со 2:1 беше подобар од Ст. Паули. Вирц и Та донесоа рано водство за Леверкузен, поништен му беше гол на Телја за 3:0, па на крајот Ст. Паули постигна почесен гол за конечни 2:1 во финишот преку Гилавоги.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот