Поврзете се со нас

Германија

Мусиала покажа моќ: Доби дуел со двајца, падна на земја и постигна гол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен ја запиша и втората победа во второто коло во германската Бундеслига, одново прикажувајќи голема доминација против екипата на Волфзбург.

Баварците не беа ефикасни како против Ајнтрахт Франкфурт кога постигнаа шест гола, но сепак создадоа голем број шанси и дури четири пати ја тресеа мрежата, иако двапати регуларно.

Поништени беа два гола поради офсајд на Садио Мане, но сепак Баерн постигна и два регуларни гола кои се впишаа во официјалниот записник на судијата.

Џамал Мусиала одново беше еден од најдобрите играчи на Баерн, па младиот играч полека прераснува во ѕвезда и покажува дека може да биде носител во играта во срединот ред.

Мусиала издржа дуел со двајца, падна на земја и постигна одличен гол за водство од 1:0, а голот на Милер за 2:0 на крајот се покажа како доволен за лесна победа од 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни