Поврзете се со нас

Германија

Мусиала ги загрижи фановите на Баерн: Секогаш носев дрес од еден играч како дете

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Џамал Мусиала одработи предновогодишно интервју со „Кикер“ и се осврна на напредокот кој го направи во изминатите 12 месеци кои ги остави зад себе, но сепак главен фокус од разговорот се долгите преговори кои ги води со Баерн Минхен за нов договор.

Баварскиот великан го идентификуваше Џамал како клучен за својот спортски проект и подготвен е да му ги исполни сите желби, но засега договор се уште не е постигнат и Мусиала го призна тоа во интервјуто за познатиот магазин.

– За жал, не можам да кажам дека имам Божиќен подарок за навивачите на Баерн. Во блиска иднина нема да има новости за мојот нов договор, мој главен фокус е да се посветам на натпреварите и добрите изданија. При носењето на оваа голема одлука, многу фактори ќе влијаат врз мене. Ако го продолжам договорот со Баерн, тоа ќе биде поради фактот што имам големи амбиции и цел со овој клуб, – потенцира Мусиала.

Оваа изјава на Џамал ги загрижи навивачите на Баерн поради фактот што офанзивниот фудбалер остава простор и за поинакво сценарио, уште повеќе ако се знае дека негов омилен клуб од детството е Барселона.

– Мојот омилен тим како дете беше Барселона. Секогаш носев само еден дрес на себе, а тоа беше оној од Меси. Имав повеќе дресови, но секогаш на мојот грб беше оној со името на Меси. Имав дресови и од Нејмар, но Меси отсекогаш бил мојот херој и мојот омилен играч, – дополнува младата ѕвезда на Баерн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни