Поврзете се со нас

Шпанија

Мурињо жали за недовршената работа во Реал: Јас сум единствениот лудак во светот кој го направи тоа!

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо му даде поддршка на Карло Анчелоти и посочи дека тој е идеален тренер за Реал Мадрид, алудирајќи на тоа дека според негово мислење, Флорентино Перез ќе му понуди нов договор на Италијанецот ако сезоната биде добра како што и се очекува.

Португалскиот стручњак во интервјуто за „РАИ“ говореше за својот добар пријател Карло и подели само комплименти, но не заборави да потсети и на една анегдота поради која признава дека сега се кае од оваа гледна точка.

– Кога имаш супер тренер како Карло, зошто да мислиш на друг? Познавајќи го Дон Флорентино, а јас го познавам многу добро, тој е супер интелигентен човек. Ако чита медиуми, тој има многу јасни идеи. Како Мадридиста и како човек кој го сака Анчелоти, се надевам дека сезоната ќе помине фантастично и дека следната сезона Карло се уште ќе биде таму, бидејќи мислам дека тој е совршен тренер за Реал, – изјави Мурињо.

Португалецот се осврна и на неговата етапа која реши самостојно да ја заврши, нешто на што гледа како вистинска лудост со оглед на големината и значењето кое го има Реал како клуб.

– Анчелоти да оди во Бразил? Само луд човек си оди од Реал ако во Мадрид сакаат да останеш. Тој лудак бев јас, единствениот во светот. После три години во клубот, претседателот Перез и Хосе Анхел Санчес силно посакуваа да продолжам и да останам. Сепак, јас бев тој кој одлучи дека е време за крај. Вистински лудак. Сигурен сум дека Анчелоти ќе остане ако добие еден позитивен гест од Перез. Карло е перфектен за Реал и Реал е перфектен за Анчелоти, – завршува Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни