Поврзете се со нас

Конференциска лига

Мурињо збесна по новата бледа партија против Бодо и ја нападна УЕФА

Објавено

на

Жозе Мурињо ја минимизираше ротацијата во втората пресметка против Бодо Глимт, но две седмици по срамниот пораз од 6:1 во Норвешка, неговите избраници не успеаја да одговорат со победа и на крајот се задоволија само со бод откако двапати се враќаа од негатива.

Ел Шарави и Ибањез спречија да видиме нов голем шок на „Олимпико“ во Рим, но покрај тоа што Мурињо призна дека неговиот тим не бил на нивото на задачата, упати и сериозни критики до судиите и арбитрите кои ги делегира УЕФА за Конференциската лига.

Мурињо одново сметаше дека неговиот тим е сериозно оштетен, а во дадената ситуација, се чини дека беше во право бидејќи за Рома не беа досудени два пенали.

– Сметам дека резултатот е тешко прифатлив за нас. Ова не беше добар перформанс од нас, имавме премногу технички грешки, особено во првото полувреме. Секоја топка до Верету и Дарбо беше загубена.

– Реалниот резултат е 2:2, но не ни беа досудени два пенали чисти како бел ден. Тоа беа пенали чисти како ден. Може да зборуваме што сакаме, но на крајот, реалноста е 2:2. Тие имаа два шута на гол и постигнаа два гола, ние постигнавме два гола и не ни досудија два пенали. Не знам дали за Конференциската лига делегираат судии кои се лоши и кои се на стартот на својата кариера. Не реков ништо за судиите во Норвешка, загубивме 6:1, но овие пенали беа преочигледни, – порача Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни