Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо за улогата на Роналдо на ЕП: Не верувам…

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо веќе влезе во 40. година од животот, но тој и понатаму е лидер на португалската репрезентација која летово ја очекува настап на Европското првенство.

Избраниците на Мартинез се меѓу главните фаворити за пехарот во Германија, меѓутоа сите тие имиња својот квалитет ќе треба да го потврдат на теренот почнувајќи од групната фаза во која за ривали ќе ги имаат Чешка, Турција и Грузија.

Кристијано доаѓа на овој настан по една супер индивидуална сезона во Ал Наср каде даде 50 гола на 51 натпревари, па дефинитивно ќе биде интересно да се види каква ќе биде неговата улога во селекцијата, дали ќе биде во прв план затоа што конкуренцијата во нападот е жестока.

Жозе Мурињо како искусен стратег се обиде од свој агол за посочи што може да се очекува од ветеранот.

-Тоа го знае само тренерот. Кристијано е тој што знае како се чувствува, кои се неговите цели, како тренерот сака да го искористи, дали да ја игра секоја минута од секој натпревар или да го заштити во клучните моменти. Но, има многу што се случува внатре меѓу нив. Тој има големо влијание и ќе ги постигнува своите голови.

-Не верувам дека ќе го заврши ЕП без голови,  -порача Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни