Поврзете се со нас

Италија

Мурињо за проблемот наречен Ѕаниоло: За жал, повторно испаднав во право!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Наполи и Рома утре ќе одиграат голем дерби натпревар на „Диего Армандо Марадона“ стадионот во Неапол, но прес-конференцијата која ја одржа Жозе Мурињо најмногу беше посветена на човекот кој предизивка доста проблеми во последно време.

Николо Ѕаниоло самиот побара да биде ставен на трансфер листата и не му стоеше на располагање на првиот тим на претходните неколку средби, но како што стојат работите, најверојатно во право ќе излезе токму Мурињо.

Португалецот најави дека Ѕаниоло на крајот сепак ќе остане во Рома по завршувањето на зимскиот преоден рок, и тоа во моментите кога многумина веќе го видоа како потпишува за Тотенхем и Милан. На крајот, двата клуба ги повлекоа понудите, а единствената која доаѓа од Бурнмаут не ги задоволува апетитите на фудбалерот.

– Ѕаниоло цел месец вели дека сака да си оди, но за жал, изгледа јас бев во право. Велам за жал, бидејќи играчот цел месец вели дека не сака да биде дел од тимот. Ако играч каже дека не сака да го носи дресот на Рома, морам да кажам дека оваа ситуација е жална.

– Идеална ситуација би била играчот да биде среќен. Јас реков дека очекувам да остане, но како што стојат работите денеска, тоа морам да го кажам со жалење. Тој не е во игра за утрешниот меч со Наполи, бидејќи во моментов не е дел од проектот на Рома, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни