Поврзете се со нас

Англија

Мурињо за потенцијалната казна за Сити: Можеби ќе освојам титула и ќе добијам бонус од Јунајтед

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо ги прави последните подготовки пред соочувањето на Фенербахче со неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, а на денешната прес-конференција повторно се навратил на времето минато на клупата на „црвените ѓаволи“.

Англиските новинари побарале мислење од Португалецот за периодот и начинот на кој Мурињо го напушти Јунајтед, а тој успеал и да ги насмее со еден став поврзан со сезоната во која го одведе клубот до триумф во Лига Европа и второто место на табелата во Премиер лигата.

– Знаете дека во сезоната 2017/18 ја освоивме Лига Европа и бевме втори во првенството, а јас мислам дека се уште имаме шанси да ја освоиме и таа титула.

– Ако Сити биде казнет со одземање бодови, можеби ние ќе бидеме шампиони, што значи дека ќе треба да добијам медал, а Јунајтед ќе треба да ми исплати бонус, – рекол Мурињо.

Споменатата сезона, Јунајтед имаше 19 бодови помалку од градскиот ривал, кој пак допрва ќе дознае каква казна ќе добие за 115 прекршоци за нарушување на финансискиот фер плеј во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни