Поврзете се со нас

Свет

Мурињо за потегот на Артета: Еве што мислам за прославите на тренерите (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Микел Артета отвори голема дебата во англиската спортска јавност со начинот на кој ја прослави победата над Ливерпул, потег за кој доби доста критики од експертите, но имаше и такви кои застанаа на негова страна.

Шпанскиот стручњак не ги криеше емоциите и посебно избувна по третиот гол со кој беше потврден триумфот, а една седмица подоцна, оваа тема повторно ја актуелизираше Жозе Мурињо.

Португалецот беше интересен изминативе неколку дена поради изјавите за Лео Меси, Де Роси и Тоти, но сега се јави преку социјалните мрежи и јасно кажа што мисли за веста која беше доста коментирана во Англија.

– Што мислам за прославите на тренерите после победа? Подобро да не зборувам, – порача Мурињо.

Во објавата, Жозе сподели низа фотографии од негови незаборавни прослави, па така јасно алудираше дека сликите понекогаш се повредни од илјада зборови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни