Поврзете се со нас

Шпанија

Мурињо за неуспехот кој посебно го болел: Плачев по поразот од Баерн, но морав да одам кај „мртвиот“ Роналдо

Објавено

на

Жозе Мурињо оствари големи успеси во сите клубови во кои работеше и ја освои титулата во Португалија, Англија, Италија и Шпанија, но кога дојде ред да бира еден пораз кој посебно го болел, тоа е елиминацијата од Баерн Минхен во 2012-та година.

Португалскиот стручњак забележа историска сезона во Реал по бројот на освоени бодови во една сезона, но како црна дамка за неговата етапа во шпанската престолнина се смета тоа што не ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Мурињо и неговите ѕвезди беа најблиску до тоа во 2012-та година, но иако играа извонредно, на нивниот пат застана Баерн Минхен кој победи во пенал рулет на „Сантијаго Бернабеу“.

Првиот меч на „Алијанц арена“ заврши 2:1, Реал брзо ја анулираше негативата на вториот меч и поведе со 2:0, но Робен постигна гол и двомечот отиде во дополнителни 30 минути игра, а на крајот и во пенал рулет.

Трагичар за Реал беше Роналдо кој не успеа да го совлада Мануел Нојер, но покрај португалската ѕвезда, очаен по елиминацијата бил и „специјалниот“.

– Мечот против Баерн е единствениот по кој плачев поради пораз. Тоа не го направив веднаш по мечот или во соблекувалната, туку кога стигнав дома. Бев скршен и убиен, но потоа добив повик од мојот агент Мендеш.

– Ми рече да му направам услуга, да одам до кај Кристијано бидејќи тој е „мртов“. Му реков дека и јас сум „мртов“ од болка и тага, но сепак се прибрав и отидов кај Кристијано. Ги избришав солзите и отидов во неговата куќа. Бевме во идентична ситуација, и двајцата бевме уништени, – открива Мурињо за „Амазон Прајм“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни