Мурињо за можноста да го наследи Зидан: Ќе се вратам во Реал…

murinjo

Португалскиот стратег Жозе Мурињо даде коментар на последните информации во јавноста дека тој може да го наследи Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид.

На „кралевите“ не им оди ни по враќањето на Зизу, па медиумите веќе почнаа да лицитираат со одредени имиња на тренири ако ситуацијата не се подобри во наредниот период. Едно од нив е и она на Мурињо, меѓутоа колку е тоа вистина самиот откри „специјалниот“ кој го даде својат став на оваа тема:

-Има два типа на гласини: Еден кога се зборува за Зидан кој е еден од нас и сите не повредува кога не и оди добро на екипата. Мора да живеете со тоа. Зидан е во фудбалот цел живот и тоа го знае. Другиот тип на е да го ставите моето име, тоа не ми се допаѓа.  Има проблеми на многу места, но друга работа е почитта, -вели Мурињо.

-Не би сакал да се вратам затоа што имаат менаџер и не можам да тренирам тим кој има менаџер. Може да зборувате со почит за клубот, но и за менаџерот кој не е било кој. Јас сум надвор од тоа. Јас би сакал работите да испаднат добро и сè да се поправи, -додаде Жозе кој директно одговори за неговото можно враќање во Реал.

-Ќе биде кога ќе биде. Во недела ќе си ја вршам мојата работа на „Скај“ каде Челси ќе биде на програмата. Го правам еднаш месечно, не сакам да го правам тоа секој ден. Уживам во тоа затоа што можам да понудам поинаква перспектива од тоа да сум на клупата. Сега, јас сум на германски часови во случај еден ден да завршам таму или пак да можам да зборувам еден ден на овој јазик за натпревар во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде мојот шести јазик, -заврши трофејниот стручњак.

Facebook Коментари