Поврзете се со нас

Свет

Мурињо за извонредното и ужасното лице на Азар: Тој како да не припаѓа на оваа генерација фудбалери!

Објавено

на

Роберто Мартинез се обидува на најдобар можен начин да го дозира Еден Азар и засега му дава шанса од клупата за резерви, играчот кој зад себе остави две разочарувачки сезони во Реал Мадрид исполнети со безброј повреди и отсуства.

Позитивна вест за Еден е тоа што вчера беше асистент во фантастичната акција по која Белгија ја осигура победата против Данска, но значително понезначајната улога која ја добива Азар на почетокот на овој турнир му привлече внимание и на Жозе Мурињо кој смета дека белгискиот капитен можел да достигне уште поневеројатно ниво доколку се однесувал попрофесионално.

Жозе можеше да ужива во неговото фудбалско знаење додека му беше менаџер на Челси, а понесен од своето искуство, во разговорот за „Ток Спорт“ реши да ги изнесе на површина двете лица на Белгиецот.

– Азар е извонредниот играч кој сите ние го гледаме на теренот. Тој е извонреден играч, со ужасна навика за тренинзи. Можете ли да замислите до каде ќе стигнеше ако имаше супер професионален однос на тренинзите?

– И покрај се, тој е извонреден и станува збор за неверојатно семеен човек надвор од фудбалот. Тој изгледа како играч кој не и припаѓа на оваа генерација фудбалери. Еден е многу тивок, комплетно е фокусиран на семејството, на своите деца, на своите родители, ги има вистинските вредности од минатото. Сепак, кога оди на тренинг секое утро, тој не работи доволно. Она што го гледате од него на теренот е само одраз на неговиот талент, а не на неговата работа. Не можам да замислам каде ќе беше сега ако беше топ професионалец, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни