Поврзете се со нас

Италија

Мурињо за голот на кој многу му се израдува: Морав да ја гушнам првата личност, за среќа не беше полицаец

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Рома успеа да го совлада Удинезе со 3-1 и тоа со два гола во самата завршница на натпреварот.

„Волчицата“ прими гол на стартот на вториот дел и мораше да бара решение, начин одново за да стекне предност и тоа им појде до рака по 80 минути кога Дибала и Ел Шарави стрелаа и донесоа три посакувани бода.

-Наша вина е тоа што се случи, бидејќи можевме порано да го затвориме натпреварот, но ја оставивме вратата отворена. Имаше многу силна реакција. Имав играчи на клупата кои можеа да ми помогнат, -истакна Жозе Мурињо кој бурно го прослави погодокот на Ел Шарави.

-Прославив затоа што со тој голот го затворивме натпреварот. Со тие замени го загубивме дефанзивниот интензитет и не се чувствував сигурно. Кога сфатив дека голот го реши натпреварот, се опуштив и гушнав едно дете во близина на клупата. Морав да ја гушнам првата личност што ја видов, за среќа тоа не беше полицаец или нешто слично, -рече Поругалецот кој запрашан за тоа дали неговите избраници сега се повеќе како „бандити“, тој одговори:

-Обично се раѓаш бандит, не си направен. Дефинитивно сум роден како бандит во фудбалот, се обидувам да влијаам и ќе видиме дали ќе успеам, -заклучи предводникот на калчолигашот од Рим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни