Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо за фаворитите на ЕП: Меѓу нив ќе се бара шампионот

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Летово ќе имаме интересни фудбалски настани, а прв на програмата е шампионатот во Германија, собирот на најдобрите селекции на стариот континент кои ќе се борат за пехарот, врвот во периодот од 14 јуни до 14 јули.

Вкупно 24 селекции ќе се појават на турнирот, но само една од нив ќе биде број еден, па прашањето е дали Италија ќе остане на тронот или ќе биде симната од конкурентите. Жозе Мурињо со внимание ќе го следи ЕП на кое смета дека четири екипи се пред сите и меѓу нив треба да се бара првакот.

-Не сакам да покажам непочитување кон претходните генерации што ги имавме, но во однос на длабочината и квалитетот на тимот, веројатно сега сме најдобри што некогаш сме биле и Португалија може да триумфира. Станува збор за самодоверба, самодоверба дека можат да победат секого. Не сакам да кажам дека Португалија е најдобриот тим, но Шпанија, Франција, Англија, Германија не се подобри.

-Најдобриот проблем за тренерот е да треба да избере кој да игра, бидејќи има двајца одлични десни бека, двајца одлични леви бека, двајца одлични позиционирани играчи од средниот ред – и велам двајца само затоа што има 23 члена во екипа, но има повеќе.

-Ако има изненадување, ќе се изненадам! На Франција и Германија секогаш им оди добро, Португалија и Англија се подобри од било кога. Овие четири екипи. Не сум сигурен за Шпанија, но фудбалот што го играат и играчите што ги имаат се со највисок квалитет. Италија или Белгија би биле изненадување, -порача Жозе за „Гол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни