Мурињо за бесната реакција на Деле Али откако беше заменет: Не ми беше лут на мене…(ВИДЕО)

Dele Alli

Тотенхем не успеа да се справи со РБ Лајциг и загуби со 1-0 во вчерашниот прв меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Премиерлигашот немаше решение во нападот без своите двајца најдобри играчи во таа линија Хари Кејн и Хеунг-Мин Сон кои се повредени, односно останатите играчи не го покрија нивното отсутво, па се појави и нервоза кај дел од нив. Така на пример Деле Али имаше бесна реакција откако беше заменет во 64 минута, лудуваше на клупата, а за таа ситуација краток коментар имаше менаџерот Жозе Мурињо.

-Мислам дека беше лут поради неговиот настап, а не поради мене. Мислам дека разбира зошто го извадив, тимот се подобри, -кратко порача португалскиот стратег.

Facebook Коментари