Поврзете се со нас

Свет

Мурињо воодушевен од детето кое им одржа лекција на Англичаните: Тој ја направи главната разлика на теренот

Објавено

на

Жозе Мурињо дава свои анализи преку видео обраќање за „Ток Спорт“ после секој важен натпревар на Европското првенство, па наместо да ја критикува англиската фудаблска репрезентација, тој одлучи да го испофали играчот на натперварот од редовите на Шкотска и цел тим воден од селекторот Кларк.

Искусниот португалски стручњак не штедеше комплименти за феноменалниот Били Гилмор кој за првпат одигра комплетни 90 минути за најсилната селекција на Шкотска, а со своите вонсериско издание, се погрижи за епитетот МВП на мечот и си доби огромни пофалби од човекот кој е долго во фудбалската игра и менаџерските води.

– Детето од 20 години ја направи главната разлика на теренот. Не играше на првиот меч, но сега направи голема разлика на средината на теренот.

– Постојано се движеше, постојано им се нудеше на своите соиграчи, беше насекаде на теренот. Ја сакаше топката во своите нозе и одлично реагираше на притисокот на противничките фудбалери.

– Тој ја направи главната разлика на теренот, сега патот им е отворен да се квалификуваат во следната рунда. Ќе играат пред своите фанови во Глазгов против Хрватска и имаат реални шанси, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни