Поврзете се со нас

Италија

Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото

Објавено

на

Екипата на Рома иако доминираше не успеа да слави на пресметката со Венеција во Серија А и сега постои можност да ја загуби позицијата на табелата која води во Лига Европа во наредната сезона.

Тука се Фиорентина и Аталанта, но „волчицата“ и во случај преку првенството да не дојде до ЛЕ може тоа да го направи со победа, пехар во финалето на Конференциската лига каде ќе се соочи со Феенорд во Тирана.

Тој го знае и Жозе Мурињо, па така Португалецот смета дека успехот во најновото натпреварување на УЕФА е поважен дури и од Скудетото.

-Ние сме тие кои се обидовме да им се заблагодариме на навивачите. Повторно беше семејство. Постои начин на кој можеме секогаш да им се заблагодариме, а тоа е да дадеме се од себе на теренот и тоа го направивме против Венеција. На крајот, ако можеме да освоиме трофеј, ќе кажам дека тоа беше заслужено за нас, но уште позаслужено за навивачите.

-Ако се случи ова, кога Милан или Интер го освојат Скудетото, мислам дека во однос на страста на луѓето, тоа ќе значи многу повеќе. Семејството е секогаш тука кога победувате, кога не победувате е поинаку. Не знам дали отсекогаш било вака, но можам да кажам дека Рома има навистина посебни навивачи, -порача Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни