Поврзете се со нас

Англија

Мурињо во свој стил им се пуштил на Гвардиола и Лампард: Ако се плашите, седете дома и гледајте Бундеслига

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден се одржа видео конференција на која учествуваа сите премиерлигаши  на која требаше точно да се дефинира дали фудбалот во Англија ќе се врати во јуни.

Тренерите на Манчестер Сити и Челси, Пеп Гвардиола и Френк Лампард притискале одлуката за продолжување на првенството да се пролонгира со цел дополнително да се смири ситуацијата предизвикана од коронавирусот.

На ваквиот однос на овие двајца тренери бурно изреагирал Жозе Мурињо кој во свој стил им порачал да останат дома ако се плашат од пандемијата.

– Ако сте толку загрижени околу враќањето на натпреварите, останете дома и на телевизија гледајте ги натпреварите од  Бундеслигата, – изјавил Мурињо.

Френк Лампард притиска за прекинување на сезоната затоа што е свесен дека ќе има тешка задача да ја задржи позицијата која води во Лигата на шампионите.

Мурињо пак, на девет кола до крајот на првенството со својот Тотенхем заостанува седум бодов зад четвртопласираниот Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни