Англија
Мурињо во свој стил ги „поздравил“ Гвардиола и Лампард, двајцата најзагрижени за враќањето на Премиер лигата
Англиската Премиер лига е единствената од големите натпреварувања која се уште не посочи официјален датум за можно враќање на терените (Ла Лига, Серија А и Бундеслигата го направија тоа), пред се поради фактот што добар дел од ѕвездите и самите тренери се противат на тоа да се вратат на тренинзите.
Стравот кој постои кај оваа група на поединци и загриженоста која јавно ја искажуваат прави враќањето на Премиер лигата да биде уште посложено, а денеска угледните британски таблоиди открија дел од разговорот кој го имале врвните менаџери за време на видео конференциајта која се одржа пред неколку дена.
Френк Лампард и Пеп Гвардиола се менаџерите кои се најзагрижени за враќањето на терените и ризикот кој се носи со самото тоа, а иако првично беше пренесено дека и Жозе Мурињо побарал мало одлагање, сега излезе информација дека Португалецот имал специјална порака за оние кои не сакаат да се вратат на стандардната рутина.
– Ако не сакате да играте, останете дома и гледајте Бундеслигата, – иронично во свој стил порачал Мурињо, кој денеска самостојно нагласи дека едвај чека да се врати во акција.
– Мислам дека одредени медиуми погрешно ја пренесоа мојата позиција на видео конференцијата. Не побарав одложување, јас навистина сакам да почнам со тренинзите. Со нетрпение чекам да се врати Премиер лигата, но исто така сакам тоа да биде безбедно за сите. Гледаме како другите се враќаат во акција и комплетно го поддржувам тоа да се вратиме на тренинзите во помали групи, пред да може комплетно да се групираме, – изјави менаџерот на Тотенхем.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 5 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шахпред 5 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 10 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 20 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик