Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мурињо во свој стил: ФИФА и УЕФА мора да реагираат, тоа мора да се забрани!

Објавено

на

foto:x.com/ChampionsLeague

Жозе Мурињо беше специјален гостин на „ТНТ Спортс“ за финалето на Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и ја доби Борусија Дортмунд со 2-0 со голови постигнати во второто полувреме од страна на Дани Карвахал и Винисиус Жуниор.

Со ова Реал дојде до 15. пехар во елитната конкуренција, успех со кој на најдобар можен начин се заокружи приказната со Тони Крос за кого ова беше последен клупски настап во кариерата.

Германецот заминува во пензија со шест освоени пехари од кои пет во шпанскиот великан. Неговото повлекување од фудбалот разочара многу фанови, а меѓу нив и Мурињо кој во свој стил побара реакција од УЕФА и ФИФА.

-Треба да се забрани. ФИФА и УЕФА имаат толку многу правила и одлуки. Донесете одлука и запрете го момчето да се пензионира, -се пошегува трофејниот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни