Поврзете се со нас

Италија

Мурињо во акција: Рома испрати понуда до најкритикуваниот играч од фановите на Барселона

Објавено

на

Жозе Мурињо сигурно ќе се обиде да засили уште неколку позиции до почетокот на новата натпреварувачка сезона, а една од оние кои смета дека се доста проблематични е онаа стоперската.

Португалскиот стручњак често знае да се потпре на дефанзивна тактика и стратегија која во безброј наврати му носеше резултат, па сега сака својот тим да го засили со играчот кој смета дека може буквално да се препороди во неговиот тим.

Станува збор за фудбалер кој доби најмногу критики од фановите на Барселона минатата сезона, повремениот француски репрезентативец Клеман Ленгле кој лани се најде на „ѕидот на срамот“ на социјалните мрежи поради неколку лоши реакции.

Поради тоа, Куман не веруваше многу во него на крајот од сезоната, па претседателот Лапорта сигурно ќе се обиде да извлече максимум од него до крајот на преодниот рок.

За него заинтересирани се неколку клубови, но каталонскиот „Спорт“ открива дека првата понуда ја испратила Рома, а истата изнесува 15 милиони евра. Барселона ја разгледата понудата и ја одбила, па сега очекува нов повик од „волчицата“ водена од Мурињо, кој очигледно го пикирал 26-годишниот левоног стопер како идеално решение во одбраната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни