Поврзете се со нас

Италија

Мурињо влезе во „војна“ со Сари: Тоа е разликата меѓу тренер со 26 титули и тренер со……

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо и Маурицио Сари веќе некое време имаат нарушени односи и се „пецкаат“ во јавноста, но последната изјава на тренерот на Лацио предизвика навистина бурен одговор од Португалецот.

Лацио вчера успеа да победи против Феенорд и имаше навистина тежок предизвик во Лигата на шампионите, а Сари го привлече вниманието со паралелата која ја направи за противниците на двата римски тима.

Сари посочи дека пресметката на Рома против Славија Прага во Лига Европа е како пријателски меч во споредба на нивото во Лигата на шампионите, алудирајќи дека „волчицата“ ќе има подобра и полесна подготовка за големото римско дерби кое се игра викендов.

Ваквиот став на Сари наиде на реакција од Мурињо, кој реагираше доста жестоко и му испрати навистина доста „отровна стрела“ на колегата.

– Ако некој треба да се навреди од коментарот на Сари, тоа е Славија Прага, а не јас, или било кој друг од Рома. Тоа што го кажа е како да кажа дека Славија не поседува никаков квалитет. За разлика од него, јас секогаш го почитувам противникот.

– Најверојатно тоа е разликата меѓу победнички тренер кој има 26 титули во кариеарата и меѓу некој што нема речиси ништо. Тоа е тој менталитет……. Секој меч е важен за мене, не постојат пријателски натпревари, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни