Поврзете се со нас

Италија

Мурињо вели дека се плаши од утрешниот судија и откри што го иритира кај Берарди

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома се подготвува за сериозен противник каков што е Сасуоло, а Жозе Мурињо на денешната прес-конференција повторно испорачал реченици кои се топ тема кај италијанските медиуми.

Покрај забелешките кои ги имаше за своите фудбалери по дуелот со Сервет во Лига Европа, како и проблемот со повредени играчи, Португалецот зборувал и за делегираниот судија, но и првата ѕвезда на противникот, Доменико Берарди.

– Сасуоло е одличен тим кој игра еден натпревар неделно, а ако треба да бидам искрен, се плашам од судијата и неговите ВАР асистенти. Делегираниот главен судија ни бил четврти судија три пати и мислам дека ја нема потребната емотивна стабилност да работи на вакво ниво. За нас ова не е само пресметка со Сасуоло, туку и можност да останеме блиску до Топ 4 зоната.

– Исто така загрижен сум од Берарди, кој е одличен фудбалер, го сакам, но тој мора да покаже повеќе почитување кон противничките играчи. Се потсмева со противниците и ги провоцира брзо да добијат жолт картон, па затоа го сакам и го мразам истовремено. Не сакам такво однесување на теренот и не би дозволил такво нешто кај мој фудбалер.

– Сигурен сум дека утре со Марсенаро како судија, Манчини ќе добие жолт картон за дуел со Берарди уште по десет минути и ќе биде суспендиран за дуелот со Фиорентина, – рекол Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни