Поврзете се со нас

Свет

Мурињо веќе прифатил понуда на клуб надвор од Европа

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо пред неколку дена беше отпуштен од Рома, а дел од светските медиуми тврдат дека веќе прифатил понуда на друг клуб.

Португалецот во минатото изјавуваше дека одбил примамливи понуди само за да остане во редовите на „волчицата“, но откако сопствениците на италијанскиот клуб му го свртеа грбот, Мурињо решил експресно да ја прекине неизвесноста за тоа каде би ја продолжил кариерата.

Медиумите тврдат дека тој ја прифатил првата неевропска авантура и тоа во редовите на Ал Шабаб, екипата која се натпреварува во првата лига на Саудиска Арабија.

Мурињо наводно веќе го информирал раководството на саудискиот тим дека е подготвен веднаш да се фати за работа, со што би го подготвувал тимот во пресрет на продолжението од сезоната, која е прекината поради Азискиот куп.

Од попознатите фудбалери кои настапуваат за Ал Шабаб се Јаник Караско, Евер Банега и Роман Саис, а Мурињо сигурно ќе инсистира на дополнителни засилувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни