Поврзете се со нас

Англија

Мурињо уште еднаш го „пецна“ својот поранешен клуб: Во некои тимови, дури и по последниот судиски свиреж…

Објавено

на

Тотенхем вчера беше надмоќен против Њукасл, но остана без трите бода во самиот финиш на натпреварот кога главниот судија досуди пенал за противничкиот тим кој во гол го реализираше Калум Вилсон.

По средбата, тренерот на „петлите“ упати неколку зајадувачки пораки до Оле Гунар Солскјер и Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ славеа возбудлива победа против Брајтон до која стигнаа откако судијата веќе свирна крај на средбата, а потоа по прегледување на ВАР снимката досуди пенал кој во гол го претвори Бруно Фернандеш.

На „Вајт Харт Лејн“ пак по последниот судиски свиреж еден од асистентите на Жозе Мурињо доби исклучување поради бурната реакција по досудениот пенал за Њукасл. На ваквите случувања, во свој стил, коментар даде и самиот Мурињо.

– Во некои клубови, дури и по последниот судиски свиреж е можно да се случи нешто многу важно, но за нас е јасно дека по последниот судиски свиреж се е познато, -изјави Мурињо алудирајќи на победата на неговиот поранешен тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни