Италија
Мурињо трогнат од навивачите на Рома: Имам видено многу во животот, но….. (Видео)

Жозе Мурињо се погрижи за специјална врска меѓу навивачите и играчите на Рома и оваа хемија прави тимот да има навистина посебни успеси во Европа, за што доказ е и вчерашниот натпервар на „Олимпико“.
„Волчицата“ ја освои Конференциската лига минатата сезона и со тоа си обезбеди учество во Лига Европа, а сега тимот на Мурињо е на чекор од финалето во ова натпреварување по вчерашната победа над Баер Леверкузен.
Рома победи со 1:0 и со предност ќе патува на реваншот во Германија, па иако Жозе на овој меч почна без повредените Дибала и Вајналдум, останатите добија доволно сила за надигрување благодарение на величествената атмосфера на „Олимпико“.
Сцените беа наверојатни и пред стартот на натпреварот и медиумите пренесоа како играчите биле пречекани пред стадионот, што според Мурињо бил дополнителен мотив да се даде максимумот.
– Видовте самите каква е конекцијата меѓу играчите и навивачите. Видовте што направија навивачите за нас пред мечот. Тоа погоди и трогна некој како мене, некој со толку искуство во фудбалот и човек што има видено многу работи, – изјави Мурињо.
😳🧨 Inside of the AS Roma bus which is arriving at the Stadio Olimpico for the Europa League semi-final vs Leverkusen! pic.twitter.com/dsdE2Xib8W
— EuroFoot (@eurofootcom) May 11, 2023
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)