Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо: Спорниот пенал во полуфиналето ја чинеше Англија недосуден пенал во финалето

Објавено

на

Неколку дена по финалето на Европското првенство и натаму натпреварот меѓу Англија и Италија е топ тема кај фудбалската јавност, а меѓу најактивните со своите коментари е Жозе Мурињо кој соработуваше со повеќе медиуми за овој турнир.

Во еден од коментарите за финалето на „Вембли“, Мурињо излезе со интересно тврдење, според кое пеналот досуден за Англија во полуфиналето против Данска можеби го чинел англискиот состав недосуден пенал во финалето.

Мурињо алудира на влезот во шеснаесетникот на Рахим Стерлинг, кој имаше благ контакт со Леонардо Бонучи, но судијата Бјорн Кујперс одмавна со рацете за можноста да покаже на белата точка. Претходно, токму Стерлинг изнуди пенал во продолжението на полуфиналето, кој за голем дел од фудбалската и стручната јавност беше класично симулирање и грешка на судиите.

– Англија можеше да поведе со 2:0 кога Стерлинг имаше дуел со Бонучи на почетокот на вториот дел.

– За мене, тоа беше повеќе пенал од тој досуден во полуфиналето. Ако не беше досуден тој пенал против Данска и ако не се создадеше тој притисок врз УЕФА по него, полесно можеше да се случи да биде досуден пенал за стартот на Бонучи. На 2:0 за Англија би било целосна друга приказна, – рекол Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни