Шпанија
Мурињо со трансфер совет до Реал Мадрид: Сите зборуваат за Јамал, но јас преферирам друг играч
Жозе Мурињо не пропушта шанса да испорача интересни изјави пред новинарите на секоја прес-конференција која ја води во Европа, па така е случајот и пред пресметката на неговиот Фенербахче со Атлетик Билбао.
Португалскиот стручњак е свесен за офанзивниот потенцијал кој го поседува шпанскиот ривал и посебен акцент стави на еден фудбалер, кој всушност за него е еден од најдобрите во Ла Лига.
Мурињо откри дека посебно го сака и цени Нико Вилијамс, крилен фудбалер кој за него е подобар и покомплетен од Ламин Јамал.
– Нико е прекрасен играч, навистина е извонреден. На последното Европско првенство, сите зборуваа за Јамал. Сите велеа само Јамал, Јамал.
– Тој е фантастичен млад играч, но за мене лично, Нико е подобар. Јас го преферирам Нико, тој е извонреден во секој поглед. Не може никој да се надева дека тој би потпишал за турски клуб, јас лично се надевам дека ќе заврши во Реал Мадрид, – изјави Мурињо.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)