Поврзете се со нас

Италија

Мурињо со преамбицизно барање: Рома мора да испрати жалба за црвениот картон на Пелегрини

Објавено

на

Победата на Рома над Удинезе донесе и еден проблем за „волчицата“ и тренерот Жозе Мурињо, а тој се вика Лоренцо Пелегрини.

Капитенот заработи втор жолт картон во самиот финиш, поради удирање противнички играч со лакт, а тоа значи дека ќе го пропушти градското дерби со Лацио.

Мурињо по натпреварот истакнал дека неговиот клуб мора да испрати жалба за црвениот картон, ако постои таква можност.

– Не ги знам легалните механизми во италијанскиот фудбал, но ако можеме да се жалиме, мора да пробаме да го направиме тоа. Се сомневам дека Пелегрини заслужи црвен картон, па би сакал да можам да сметам на него против Лацио, – изјавил Мурињо.

Со оглед на фактот што Пелегрини заработи два жолти картони, а и дербито е на програмата во недела, се чини дека барањето на Мурињо е преамбициозно и Рома ќе мора да се подготвува за дуелот без Пелегрини во составот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни